Седумдесет и седум годишна скопјанка вчера е пронајдена со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот во својот стан во населбата Тафталиџе. Случајот го пријавил нејзиниот син, откако отишол во посета на својата мајка, која живеела со неговиот брат.

Како што информира МВР, случајот го пријавил Г.Г. (47) од Скопје вчера во 21.00 часот. Тој во 20.30 часот отишол да ги посети мајка му К.Г. (77) и брат му М.Г. (50) во нејзиниот стан во населбата Тафталиџе во Скопје и кога влегол внатре ја пронашол мајка му со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот.

Во врска со овој случај во полициска станица е приведен и задржан М.Г.. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2018 00:02