Дваесет и шестгодишна скопјанка кршела чаши и чинии вчера во угостителски објект во центар на Скопје. По интервенција на полицијата девојката била алкотестирана и било утврдено големо присуство на алкохол во организмот.

Како што информира МВР, вчера во 12.30 часот во угостителски објект во центарот на Скопје дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Л.П. (26) од Скопје, која почнала да крши чаши и чинии во објектот.

Девојката била спречена и задржана од обезбедувањето во објектот до доаѓањето на полициски службеници, по што таа била алкотестирана и и било утврдено големо присуство на алкохол во организмот. Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2018 00:03