Лидерот на ЛДП и пратеник во македонското собрание, Горан Милевски поминал со лесни, површни повреди откако бил нападнат од непознато лице во центарот на Скопје. Тој по прегледот и изготвеното лекарско уверение за здобиените повреди е пуштен на домашно лекување. Според првичните информации напаѓачот успеал да го удри со тупаници и шлаканици по телото и главата, по што си заминал.
Од МВР го потврдуваат настанот
Во 16,30 часот Г. М. пријави дека додека се движел по плоштад Македонија бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот..