Детскиот културен центар (ДКЦ) „Карпош“ и Град Скопје организираат априлијада под мотото „Скопје се смее“. Манифестацијата ќе се одржи во недела, на плоштадот „Македонија“, а се најавува како голема детска журка.

Поканети се сите училишта и градинки, сите деца, на песна, игри и забава.

Ќе учествуваат фолклорната и секцијата за модерен балет на ДКЦ „Карпош“, „Златно славејче“, танцови групи од основните училишта од Скопје и околината, како и повеќе естрадни уметници чии настапи се предвидени за вечерниот дел, од 20 часот. За вечер е најавено и дефилето на групни маски од скопските средни училишта, по што ќе биде прогласен и победник.

ДКЦ „Карпош“, традиционално, ќе избере најдобра маска и карикатура или шеговит цртеж од конкурсот кој е веќе распишан во основните училишта. Наградени ќе бидат најдобрите три дела.

Манифестацијата „Скопје се смее“ ќе ја отвори градоначалникот Петре Шилегов



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2018 11:51