Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Свети Наум“ кај место викано Попо вчера во 17 часот го затекнале без документи лицето А.П. (56) од Поградец, Албанија.

Со него имал пушка марка „Бенелли“ со шест ловни куршуми. Затекнат е при вршење кривично дело „незаконит лов“, казниво по член 228 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија во подрачје под Националниот парк „Галичица“. Лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2018 14:49