Непознато лице се јавило во телевизија Сител во Градскиот парк во Скопје, при што кажало дека во студиото има подметната бомба, вечерва околу 21 часот, неофицијално дознава „Нова Македонија“.

Екипи од МВР излегле на терен за да ја испитаат веродостојноста на заканата, која се испоставило дека е лажна, според непотврдени информации.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2018 21:21