Тешка кражба се случила во казиното „Астра“ на Партизанска, во близина на крстосницата помеѓу трговскиот центар Лептокарија и поликлиниката „Букурешт“,околу 22.00 часот.

Според првичните информации, во казиното влегле две лица облечени во бели алишта со фантомки на главите и со „калашникови“. Едниот од напаѓачите испукал два куршуми во плафонот на казиното.

Откако ги зеле парите, напаѓачите избегале во непознат правец а не се знае сумата на пари која е земена.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2018 01:44