Над 1.700 жени денеска учествуваа на Авицена Женската трка што ја организираше Сојузот на спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје и со поддршка од Агенцијата за млади и спорт.

Учесничките минаа два километра на булеварот Илинден во Скопје, а најдобро пласираните Милјана Ристиќ, Марго Бојаџиева и Рената Соколовска добија награди.

Награди беа доделени и на најдобрите три во седум одделни категории според возрасните категории во кои што беа поделени учесничките.

Нивните резултати може да се видат на: http://www.tagtiming.mk и http://zenskatrka.mk.

Денешната трка е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон, а бидејќи се поклопи со Денот на шегата, дел од учесничките носеа маски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2018 22:23