Дете било каснато од куче во Кавадарци, се здобило со телесни повреди, информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Настанот се случил во саботата, додека малолетно дете си играло во дворот од куќата на улицата „ЈНА“ во Кавадарци.
- Во еден момент во дворот влегло куче од непозната раса, сопственост на соседите. Тоа го нападнало и каснало девојчето на левата рака и левата подколеница, при што, му нанело телесни повреди, појасни Додевски.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица од општа надлежност Кавадарци.