Реал Мадрид со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Јувентус, Кристијано Роналдо беше брилијантен, кралскиот клуб веќе може да размислува за полуфиналето, Баерн Минхен со 2-1 славеше на гостувањето кај Севиља.

Навивачите на „Лос бланкос“ мораат да му бидат благодарни на Кристијано Роналдо, кој повторно го покажа своето знаење и својата вредност откако со два гола го „матираше“ Јувентус сред Торино. Во 64. минута, Роналдо постигна еден од најубавите голови во кариерата. Тој со „ножички“ покажа зошто изјавата на Буфон дека има „бессони ноќи“ од Португалецот не беше смешна. Голот беше толку добар што дури и навивачите на Јуве му аплаудираа на Роналдо.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 01:27