Претседателот на Тотенхем е најплатениот раководен кадар од сите функционери во клубовите од англиската Премиер лига.

Годишната плата на Даниел Леви е шест милиони фунти, објави „Дејли Мејл“.

Тој има неделната плата од 115 илјади фунти, или за пет илјади фунти повеќе од најдобриот играч Хари Кејн.

Како што е наведено, платата на Леви е двојно зголемена во однос на мината година, а тоа се должи на рекордниот годишен профит на клубот што изнесува 306 милиони фунти, з аразлика од минатата година кога беше остварена добивка од 209 милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 08:25