Голот кој со ножички го постигна Кристијано Роналдо на средбата со Јувентус синоќа во Торино, е еден од најубавите во историјата на Лигата на шампионите.
Во моментот на ударот, топката се наоѓаше на висина од 2 метри и 30 сантиметри, што укажува на импресивниот скок на Португалецот.
33-годишниот Роналдо за овој потег доби овации од домашните навивачи, водено покажа дека се уште во врвна форма и еден од најдобрите фудбалери на светот.