Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, ќе биде награден од раководството на клубот со нов договор, објави „Мирор“.
Во управата на Вест Хем се задоволни од работата на Мојс под чие водство клубот излезе од зоната на испаѓање и сега има пет бода повеќе над „цртата“.
Мојс на менаџерската позиција во Вест Хем дојде во ноември 2017 година и го издигна тимот кој дотогаш беше во многу лоша форма.
Сегашниот договор на Мојс со Вест Хем истекува во јуни, а тој изрази желба да остане и понатаму во клубот.