Вчераутро околу 06.15 часот во Скопје, во казино на улица „Ангел Динев“ во Скопје, Т.Б. (33) од Скопје влегол во просторијата каде што била вработената Д.М., и се заканил и од касата одзел околу 50.000 денари, од кои 30.000 фрлил кон вработената, а 20.000 денари задржал за себе.

Вработената Д.М. успеала да излезе од просторијата, а лицето останало и вратата сама се заклучила. Т.Б. е приведен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 14:38