Едно лице е убиено, а две се повредени во вооружен инцидент, што попладнево се случил во тетовското село Мала Речица.

Инцидентот, како што јави дописникот на МИА од Тетово, се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.

Повредените се наоѓаат во Клиничката болница Тетово, каде е пренесно и телото на убиениот.

Инцидентот, како што потврдија за МИА од МВР, се случил околу 18:20 часот во Мала Речица, при што досегашаните информации има двајца повредени, а две лица се приведени во врска вооружениот инцидент.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 18:18