Малолетник бил прободен со нож во левата надколеница синоќа во скопски Ѓорче Петров.

Полицијата соопшти дека околу 1:00 часот по полноќ во Полициската станица Ѓорче Петров Е.С.(51) пријавил дека на вечерта на 7 април околу 22:30 часот додека неговиот син Е.С. (17) се движел по улицата „Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица. Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница.

Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана е телесна повреда.

Полицијата соопшти дека работи на целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 10:39