Тринаесетгодишно девојче вчера било каснато од куче ротвајлер на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во паркот за кучиња во населбата Карпош.

Како што информира МВР, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, а нејзиниот татко Д.Д. (43), кој се обидувал да го оттргне кучето се здобил со телесни повреди. На повредените им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Случајот синоќа во 22:30 минути бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје. Кучето било водено од женско лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 11:23