Амбасадата на Руската Федерација во Скопје и Почесниот руски конзулат во Битола денеска и утре со повеќе настани ќе го одбележат Меѓународниот ден на космонаутиката.
Претставници на Амбасадата денеска ќе положат цвеќе на споменикот на Јуриј Гагарин во Скопје.
Во хотелот „Русија“, пак, утре ќе биде одржан неформален настан „Yuri’s Night“.
На 12 април, 1961 година во 6 часот и 7 минути по Гринич – 9 часа и 7 минути по московско време космонаутот Јуриј Гагарин со бродот „Восток” направи една обиколка околу Земјата, со што стана првиот човек кој замина во вселената.
По летот, кој траеше 103 минути, Гагарин успешно се спушти кај селото Смеловк, јужно од Саратов. Јуриј Гагарин загина во авионска несреќа, на 27 март 1968 година.