Моторциклист загина утрово во сообраќајна несреќа што се случи на крстосницата од бул. АВНОЈ и бул. „Србија“, во која учествувало и возило марка „Мицубиши“ со скопски регистарски таблици“.

Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила утрово околу 7 часот. Моторциклистот загинал на самото место

Во тек е увид на полицијата и на вавен обвинител. Поради сообраќајката сообраќајот се пренасочува.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 08:32