Општина Центар и Полициската станица Центар втора година по ред го реализираат проектот „Превенција од имотни деликти – кражби во куќи и станови и кражби на возила“.
Градоначалникот Саша Богдановиќ и претставници на Полициската станица Центар денеска делеа известувања со едукативна содржина.
- Сакам да апелирам до граѓаните да внимаваат и да го заштитат својот дом од кражби со придржување на основните безбедносни совети, рече градоначалникот Богдановиќ.
Општина Центар и ПС Центар предупредуваат вратите и прозорците на становите да бидат затворени, да не се дозволува непознато лице да влегува во нечиј дом, да се чуваат вредните предмети на сигурно место и да се пријави во полиција на 192 ако се забележи нешто сомнително.