Град Скопје информира дека од денеска до 24 април ќе се воведе привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Партизански одреди“.
Сообраќајниот режим се воведува поради изведување градежни активности за завршно асфалтирање на булеварот „Партизански одреди“, од улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со булеварот „8 Септември“.
Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.