Машко лице денеска пукало во вработената А.Ѓ. во маркетот „Кипер“ во Чаир.

Повредената А.Ѓ е префрлена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар во Скопје.

Случајот во полиција во 14:38 часот го пријавиле вработени во маркетот кој се наоѓа на улица „Кемал Сејфула“.

Како што информираат за МИА од МВР, полицијата излегла на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 23:53