Во Полициската станица Штип синоќа било пријавено дека во паркот „Суитлак“ на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ маж лежи на тревната површина од паркот и во рацете држи пиштол.

МВР информира дека лицето со возило на Брза помош е пренесено во Клиничка болница-Штип, каде што од страна на дежурен лекар е константирано изместување на лактот на раката, а по санирање на повредата ќе биде задржан на психијатриското одделение при Клиничка болница Штип.

Од страна на полициски службеници во СВР-Штип константирано е дека станува збор за Р.П. (43) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2018 17:30