Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против српска државјанка за која постои сомневање дека украла накит од три куќи во Гостиварско во кои била гостинка, во вредност од околу 10 илјади евра.

К.З.Б. (32) од Белград на 9 април во 14 часот во Гостивар, во куќата на М.Д.(30), каде била на гости, одзела златен накит. Настанот бил пријавен, а златото биле пронајдено и К.З.Б. била лишена од слобода.

Другата кражба белграѓанката ја извршила на 4 декември додека била на гости кај М.Д., од каде одзела златен накит, кој потоа го продала во продавница за откуп на злато во Белград.

Златен накит таа украла и во ноември 2017 година додека била на гости во куќата на В.Д. (55) во гостиварското Ново Село. Накитот, исто така, го продала во продавница за откуп на злато во Белград.

Као што информира МВР, со извршените кражби пријавената предизвикала вкупна материјална штета од 570.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2018 15:11