Жители од улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров вечерва околу 19 часот со контејнери го блокираа сообрќајот поради незгодата во која возило „опел астра“ удри десетгодишно дете.
Блокадата, како што информира МВР, е и во знак на револт поради брзото возење по улиците, односно непочитувањето на сообраќајните знаци.
Детето, според првичните информации на полицијата, по сообраќајката е веднаш пренесено во Ургентниот центар, но се уште не се знае видот на повредите.