Како што информираат денеска од СВР Велес,во петокот попладнето околу 16.00 часот на ул. „Шефки Сали“ лицето Н.Ш.(33) и другар му Б.П. додека се движеле по улицата одеднаш кон нив се стрчале пет кучиња скитници, непозната раса, и ги нападнале.

При обид да се одбрани лицето Н.Ш. било каснато од едно од кучињата за десната рака во делот на прстите, при што, била нанесе повреда.

Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на велешката општа билница, каснатиот бил примен на Инфективното одделение во болницата, каде му била дадена антирабична вакцина бидејќи кучето не било со маркица и не било третирано.

По направената преврска на Хирушкото одделение, каснатиот бил испратен дома,информира Андова.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2018 12:51