Фото: Радиомоф.мк
Револтирани граѓани од Ѓорче Петров бараат надлежните итно да го решат проблемот со улицата „Борис Сарафов“ пред училиштето „Мирче Ацев“ и да понесат одговорност за сообраќајните несреќи што се случуваат тука. Во спротивно, порачаа граѓаните кои втор ден по ред ја блокираат улицата, протестите ќе станат радикални, пренесува макфакс.
Учесниците на протестот поставија транспаренти на кои пишува: „Внимавај како возиш, можеби твоето дете ја поминува улицата!#за сите деца“, „До полицијата: Кога правите записник, слушајте ги сведоците, а не како што му одговара на злосторникот“ и „Вози, не летај. Почитувај ги знаците“.