Дваесетти Меморијален планинарски марш „Делчо Кузмановски“ се реализираше вчера во Неготинско, во кој 160 љубители на природата од земјава и странство пешачеа на планината “Серта”.
- Овој марш започнавме да го организираме во чест на прерано починатиот планинар Делчо Кузмановски и тој со годините ни стана традиција. Подоцна оваа планинарска активност им ја посветивме и на нашите другари планинари Атанас Трајков, Нахо Дуровиќ, Лазар Димовски-Кнез, Крсте Бохаџиев, Драги Дуганов и Никола Ташев. Овие луѓе ќе останат засекогаш во нашите сеќавања, рече Бранко Давидов, претседател на планинарското друштво „Серта” од Неготино, кое е организатор на овој марш.