Автобусот на кошаркарите на „МЗТ“-Скопје вчера бил нападнат од непознати лица на улицата „Васко Карангелевски“, при што било скршено едно стакло.

Кошаркарите на МЗТ-Скопје вчера загубија од Работнички со 92:74 на натпреварот кој пради технички проблеми, не се одигра во Градски парк во Скопје и туку во Гостивар.

Како што соопшти МВР, синоќа во 22:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Васко Карангелевски“ од страна на непознати лица било скршено едно стакло од автобус „Неоплан“ со скопски регистерски таблици, во кој се превезувале кошаркари на Кошаркарскиот клуб „МЗТ“-Скопје, а се враќале од натпревар од Гостивар.

Нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 09:02