Воена делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Методија Величковски, од денеска до четврток ќе престојува во официјална посета на вооружените сили на Албанија.

Во текот на утрешниот ден, генерал Величковски ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на албанските вооружени сили бригаден генерал Бардил Колчаку и со заменик-министерот за одбрана Петро Кочи.

Македонската воена делегација ќе ја посети и командата на поморските сили во Драч, каде генералот Величковски ќе има средба со командантот на поморските сили, генерал мајор Јибер Догани.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 12:55