Делегација на општина Штип денеска ќе потпише договор за партнерство со шест градови од ЕУ кои се учесници во проектот „Обновена Европа" а кој е финансиран од ИПА програмата на ЕУ. Проектот е вреден 150.000 евра.

Ова е прв ваков проект што се спроведува во Македонија при што Штип влегува во асоцијација на градови од Португалија, Шпанија, Полска, Италија, Романија и Бугарија. Состанокот се оддржува во Варна и во општина Аксаково во Бугарија каде ќе се дебатира за иднината на ЕУ.

Веќе во јуни, следниот состанок ќе се оддржи во Штип каде делегации од градовите-членки ќе престојуваат на иста таква средба.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2018 10:29