Општина Центар издаде дозвола за уривање на објектот ТЦЦ Плаза (поранешен Беко) поради проблеми во конструкцијата. Уривањето веќе почна. На истото место ќе се гради нов комерцијален објект, П+6, според постоечкиот Детален урбанистички план, пишува Скопје инфо.
Новиот објект ќе биде Б градба за комерцијална и деловна намена. Намената и висината се според важечкиот ДУП.
Пред повеќе од 20 дена уривањето беше стопирано од градежните инспектори на општина Центар откако било увидено дека била почната постапка за уривање без одобрение.