Според полицијата, скопјанката Ш.Ј.(49) пријавила дека во периодот од 17 до 22 часот на паркинг пред улицата Хелсинки биле оштетени нејзиниот џип „Ауди Q5“, како и автомобилот „Ауди А5“ , сопственост на Ш.П., нејзин сопруг.
Од увидот е констатирано дека на џипот е извршено е оштетување на предното лево крило, предниот лев фар , предната и задната лева врата и задното крило, а кај автомобилот е оштетено предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек.
Оштетувањето сторителот го извршил со употреба на физичка сила и остар предмет и незабележан од некого напуштил лице место. Со оштетувањето причинета е материјална штета која дополнително ке биде утврдена. Се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР.