Автобус кој превезувал 46 патници од Софија за Македонија изгоре на патот помеѓу Ќустендил и Ѓушево, во месноста Дервена. Нема повредени патници во пожарот во автобусот кој е сопственост на бугарска фирма.

Причината за пожарот не е позната, а веднаш поради брзата реакција на шоферот кој веднаш по забелужувањето на пожарот во автобусот, го сопрел автобусот и ги евакуирал сите патници.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 01:05