Пилотот на Ферари, Кими Раиконен е убеден дека секоја трка од сезоната 2018 во Формула 1 може да биде освоена од различен пилот.

Финецот верува дека односот на силите е многу поизрамнет од претходните години и веќе првото место се решава од најмалите детали.

Кими тврди дека тоталната доминација на Мерцедес веќе е во минатото и Ферари и Ред Бул можат да се борат против нив како еднакви за освојување на светската титула.

- Веќе не можат да се прават предвидувања, како што беше порано. Секоја следна трка од сезоната може да биде освоена од различен пилот. Ние, Мерцедес и Ред Бул покажуваме дека силите на патеката се израмнети и тоталната доминација на Луис Хамилтон веќе е во минатото. Тој останува фаворит на база успесите и еволуцијата на нивниот автомобил, но Валтери, како и ние четворицата од Ферари и Ред Бул можеме да победиме при различен развој на трките, убеден е Кими.

Тој смета дека ваквата разврска ќе го направи актуелниот шампионат „најинтересен по години“ и фановите ќе се забавуваат како порано



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 09:19