Министерството за внатрешни работи синоќа од 23 до 5 часот изутрина спроведе акциски контроли на подрачјето на СВР Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол. Вкупно се контролирани 1234 возачи. 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 252 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје. Набавени се нови 80 дрегери за проверка на алкохол кај возачите. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2018 14:12