Искршена и ограбена црквата Св. Јован Крстител во населбата Бутел чиј инвеститор е бизнисменот и сопственик на бензинските пумпи Макоил, Мите Јовановски, пренесува 24 ТВ.

Црквата освен што е демолирана, е и осквернавена. Непознати сторители ги зеле парите, но во храмот извршиле и нужда.

Вечерва полицијата направи увид во присуство на ктиторот. Велат работат на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2018 22:50