Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против М.И. (24) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“, предвидено и казниво согласно чл. 237 од КЗ на РМ.
М.И. делото го извршил на 31 март 2018, околу 21,00 часот, во казино на булевар “Партизански одреди” на тој начин што откако влегол во објектот, заедно со уште едно лице, со бела маска на лицето и со закана со огнено оружје-автоматска пушка кон вработените одзеле 83,910 денари и го напуштиле местото на настанот. Од страна на полициски службеници извршен е увид на местото на настанот, при што во непосредна близина на казиното е пронајдена една бела маска и по извршеното вештачење утврдено е дека подигнатиот брис потекнува од пријавениот М.И., кој потоа е приведен.