СВР Битола до дитолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Ј. (31) од Скопје заради сомнение дека пријавениот сторил седум разбојништва во аптеки во Битола.
Пријавениот во периодот од 4 јануари до 10 април годинава со употреба на пиштол, извршил седум кривични дела разбојништво во аптеки на различни локации во Битола, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Тој им го вперувал пиштолот на вработените во аптеките и им ги барал парите од дневниот промет, а во еден случај покрај парите од вработената во аптеката побарал и одзел осум шишиња метадон од по 10 милилитри.
Со сторените дела пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 126.100 денари.