Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува во текот на наредната година да почне изградбата на тунелите под Кале за кои вели дека ќе придонесат за новиот изглед и фонкционалност на Скопје.

- Објевен е јавен повик за идејно решение и проектирање на вијадуктот, тунелите под Кале и сообраќајното решение на излезот од тунелите. Очекувам до крајот на оваа година да добиеме доволно квалитетна документација и во текот на наредната година да објавиме тендер за започнување на градежни работи и конечно отпочнување на изградбата на тунелите, рече Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања.

Тој нагласи дека проектот за изградба на тунелите е предвиден уште во далечната 1965 година и додаде дека ќе придонесе во голема мерка за зголемување на функционалноста на Градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 14:09