„Снимај ме, сликај ме братче да видат тркачите дека Таше вози, а не дека некој друг го вози моторот на Таше“, им рекол сега загинатиот моторџија од Битолско на своите другари.

Тие направените фотографии ги постираа на социјалната мрежа Фејзбук.

На 22.04.2018 година околу 17,45 часот на магистралниот пат Битола – Ресен, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Митцибуши Пајеро“ со битолски регистарски ознаки управувано од Џ.J.(44) од Битола и моторцикл „Хонда“ исто така со битолски регистарски ознаки управуван од Б.A.(35) од село, Мојно, битолско. По незгодата мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола каде починал. Извршен е увид на местото на настанот.

Извор: ТВ Орбис



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 15:24