Со симболично предавање на клучевите од две амбулантни возила, Тулин Еркал Кара амбасадорката на Република Турција ја врачи донацијата наменета за гостиварската општа болница „Ферид Мурад“. На пригодната свеченост покрај претставниците на турската Канцеларија за развој и соработка-ТИКА, присутвуваа, градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари и државниот секретар во Министерство за здравство Владимир Милошев.

Милошев искажа благодарност за заложбите на ТИКА со кои се унапредува здравствената заштитата во Македонија.

- Со овие две возила, ќе се унапреди пружањето на здравствена заштита и ќе се овозможи полесен транспорт на лица од Гостивар и од околината. Возилата се опремени со современа опрема за ваквата намена. Сакам да искажам надеж и очекување дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму. Со таква заложба, како на локално, така и на централно ниво ќе придонесеме за зголемување на капацитетите на здравствената заштита и здравствените услуги за сите граѓани, рече Владимир Милошев државниот секретар во Министерство за здравство.

Благодарност за донацијата искажа и вд дирекотрот на болницата Јакуп Јакупи кој нагласи дека возилата ќе им бидат од голема корист со оглед на високиот ниво на медицинска опрема во нив.

Амбасадорката Кара, претходно имаше средба со градоначалникот Арбен Таравари со кого разговараше за актуелната состојба во општина Гостивар.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 10:57