Гевгелиските гимназијалци Ангела Костадинова и Лазе Раманчев освоија бронзени медали на еколошката олимпијада во Најроби, главниот град на Кенија, која што секоја година се одржува во категориите животна средина, енергетика, инженерство, агрокултура и дизајн.
Во силна конкуренција на ученици од целиот свет, Костадинова и Раманчев медалите ги освоија со заедничките проекти „Заштитен ефект на комбинација од витамините Ц и Е при оштетувањето на црниот дроб од карбон тетрахлоридот“ супстанца која се користи во аерораспрскувачи и ја оштетува озонската обвивка и проектот „Соларен колектор за топла вода“ наменет за полабо развиените земји кои не можат да си дозволат скапи сончеви колектори.
Еколошката олимпијада во Кенија е најголемиот натпревар за научни проекти на основните и средните училишта во светот кои се целосно посветени на еколошки прашања во потрага по нови и иновативни начини за решавање на различни еколошки предизвици.