Втора јавна расправа за рестартирање и ревитализација на Музичката продукција на Македонската радио-телевизија ќе се одржи денеска во Домот на младите во Штип.

На собирот, како што е најавено, ќе се обратат Цветанка Ласкова, советничката за култура на премиерот Зоран Заев, како и автори и стручњаци од оваа област кои се предлагачи на моделот за рестартирање на Музичката продукција на МРТ, меѓу кои се проф. Живоин Глишиќ, Славе Димитров, Будимка Имери, Кире Костов, Љупчо Мирковски. Модератор е посебниот советник во Министерството за култура, Петрит Сарачани.

На средбата се поканети професори од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, раководители на културно-уметнички друштва, на невладините организации, директори на локалните медиуми, истакнати уметници и претставници на институциите од културата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 08:25