Во Долнени денеска ќе биде потпишан договор со компанијата „Волостоне“ за концесија за детални геолошки истражувања за мермер на локалитетот Самарница.
Договорот ќе го потпишат министерот за економија Крешник Бектеши и претставник на компанијата, а на потпишувањето ќе присуствуваат и градоналачниците на Прилеп и Долнени, Илија Јованоски и Џемал Ќамили.