Општина Илинден е прогласена за општина со поволно бизнис опкружување од Република Македонија во рамки на регионалната конференција за промоција на поволно бизнис опкружување во Југоисточна Европа „Партнерство за конкурентен регион“ што се одржа во Белград.

Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE) претставува единствена програма за подобрување на квалитетот на услугите и информациите кои општините од регионот на Југоисточна Европа им го нудат на компаниите, во рамките на која сертификати се доделуваат на општини од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.

Овој сертификат претставува потврда за инвеститорите и за стопанствениците дека општините нудат ефикасна и ефективна услуга, односно целосна, навремена, комплетна информација и поддршка за разработување на нивните потреби за вложување, како и поддршка при натамошното развивање на нивниот бизнис.

Општина Илинден, благодарејќи на создавањето на услови за привлекување на нови и поддршка на постојните инвеститори придонесе за влез на 180 компании од кои 33 се странски директни инвестиции во деветте локални економски зони, го доби ова признание за исполнуваање на стандарди, односно нудење на сигурност на потенцијалните инвеститори во добивањето услуги и информации за работите и дејностите во надлежност на локалните власти.

Програмата за сертификација претставува единствена иницијатива во регионот на Југоисточна Европа, која влијае на креирање на побрза и поефикасна администрација, која треба да ги отстрани пречките за забрзаниот развој на стопанството, да овозможи подобри резултати во привлекувањето на домашни и на странски инвестиции и воведување на нови технологии, креирање на нови работни места и модернизација на општеството.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 11:36