На 24.04.2018 година во 22,30 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Т. (25) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 20,45 часот на булеварот „Партизански одреди“ забележала непознато лице со спуштени панталони како се самозадоволува пред присутните граѓани.
Во еден момент лицето седнало на клупа на автобуска постојка и ги вознемирило присутните. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.