Градоначалниците од Источно планскиот регион на денешната петта седница на Советот на градоначалници, која се одржа во Пробиштип ја донесоа одлуката за почнување на постапката за прогласување на Осоговските Планини и на Ченгино Кале за заштитени подрачја.
Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов вели дека донесувањето на оваа одлука е од осебно значење за развивање на туризмот во овој регион, но и за заштитата на животната средина.
На денешнава седница се одлучи и Центарот за развој на ИПР да аплицира со два проекта од областа на турзимот за добивање на средства од Програмата за меѓугранична соработка Македонија- Бугарија. Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека партнери за овие два проекта се бугарските општини Гоце Делчев и Белица.
- Со бугарската општина Гоце Делчев ќе аплицираме со еден проект, кој е насоловен „Нашето заедничко минато, пат за заедничка иднина“. Тоа е проект кој е некаде околу 560.000 евра, од кои 250.000 евра се за Општина Гоце Делчев и остатокот е за Центарот за развој на ИПР, вели Здравева.
Таа додава дека вториот проект е „Културен мост низ вековите“, партнер во овој проект е Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, а од бугарска страна општина Белица. Станува збор за архелошки истражувања и осветлување на мала црква на тврдината Исар, од страна на штипско Ново Село. Последен рок за аплицирање на општините, институциите и секако на невладиниот сектор за вториот повик од Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија е 11 мај.