Дваесет и осум годишно лице од Кавадарци било повредено кога автомобилот со кој управувал излетал од регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново во текот на вчерашниот ден, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Додевски појаснува дека се работи за патнички автомобил марка „форд фиеста“ со неготински регистарски ознаки.

Повредениот возач бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Кавадарци и бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Кавадарци.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 11:22