Аргетим Војника од денеска е новиот командир на Полициската станица од општа надлежност во Дебар, потврдуваат од Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој на оваа функција е наименуван со решение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Триесет и тригодишниот Војника дипломирал на Правниот факултет, а во Министертвото е девет години. На новата функција доаѓа од местото командир на граничниот премин „Блато“ на албанско македонската граница кај Дебар, а претходно бил и заменик командир на преминот „Џепиште“ исто така на македонско албанската граница кај Дебар.

Функцијата Командир на ПС од општа надлежност во Дебар досега ја вршеше Рашид Исмаиловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 13:17